Две децении подоцна: Како денес изгледаат познатите момци по кои сите лудуваа во 2000-тите?

Две децении подоцна: Како денес изгледаат познатите момци по кои сите лудуваа во 2000-тите?

Објавена во: Stars // Филм

Некои се непрепознатливи!

Некои изгледаат дури и поубаво, иако не знаеме како е можно тоа, бидејќи уште тогаш беа преубави, а други и не толку. Многу од овие ѕвезди од 2000 - тите ги имаме заборавено, бидејќи се повлекоа од јавниот живот или пак не успеаја низ годините да ја одржат популарноста.

Поминаа многу години откако овие познати момци беа популарни и млади. Во 2000 - тите имаа еден тон обожаватели, девојките ги ставаа нивните постери на ѕидовите, ги гледавме во филмовите и сериите, а потоа како да исчезнаа и паднаа во втор план. Тогаш дефинитивно беа на врвот на популарноста, а иако некои ја продолжија кариерата во шоу бизнисот, со ниту една улога не успеаја толку да се прослават. Од Зек Ефрон од „Средношколски мјузикл“ до Џеси Меткалф од „Очајни домаќинки“, во продолжение погледнете како изгледаат денес:

# Зек Ефрон 

Актерот неодамна се врати во центарот на вниманието кога на Нетфликс почна да излегува неговата документарна серија во која патува низ светот. Сите дотогаш како малку да го заборавија, но тогаш девојките повторно полудеа по него. Во „Средношколски мјузикл“ беше совршено момче за секоја тинејџерка, а во „Down to Earth with Zac Efron“ е совршено момче за нив сега кога се возрасни девојки.

# Џеси Мекартни

Слаткиот пејач чија песна „Beautiful Soul“ беше вистински хит во 2000 - тите како да исчезна. Пред 3 години објави една песна и потоа повторно исчезна. Но, активен е на Инстаграм и доколку те интересира нешто повеќе за тоа што прави сега, ќе пронајдеш таму.

# Роберт Патинсон

Ѕвездата на „Самрак“ цело време е тука некаде, но не се зборува толку за него како некогаш. Популарниот вампир остаре, но изгледа прилично добро. Сега изгледа подобро од било кога.

# Џеси Меткалф 

Се сеќаваш ли на овој актер кој го глумеше љубовникот на Ева Лонгорија во „Очајни домаќинки“? Или ти е познат од некоја друга тин романтична комедија? Сите паѓаа во несвест за него, особено кога ќе ја соблечеше маицата. И понатаму ја има слатката насмевка, но сега не ја соблекува маицата толку често.

# Бен Мекинзи

На љубителите на серијата „O.C.“ овој актер сигурно им е добро познат. Меѓутоа, доколку би ја виделе само десната фотографија, шансите да го препознаете Бен се многу мали.

# Чад Мајкл Мареј

Уште една ѕвезда од тин сериите од 2000 - тите, но овој пат станува збор за серијата „One Tree Hill“. И Чад остаре, а изгледа ли и понатаму добро или повеќе го нема оној свој шарм како порано?

# Вентворт Милер

Личноста која се има најмалку променето во сите овие години, би кажале дека е Вентворт Милер кој го знаеме од „Prison Break“. Секогаш изгледа слично, а поради тоа што си ја бричи главата со години, не му се познава дека косата му белее, што му помага во тоа да изгледа помладо.

# Том Велинг

И за крај, уште една филмска ѕвезда - Том Велинг. Веројатно ви е познат од серијата „Smallville“ кога изгледаше многу поразлично од денес. Ова е уште еден од оние случаи кога веројано не би го препознале доколку ја видиме фотографија од сега.


Објавена во: Stars // Филм

Можеби ќе ве интересира: