Две фризури и две различни личности: Ова момче покажа како влијае фризурата на целокупниот изглед (ВИДЕО)
Доколку не знаеме, би помислиле дека не е истата личност...
Ако некој добие потполно нов и поинаков изглед, тогаш тоа е ова момче кое одлучи да ја скрати својата многу долга коса. И таа фризура одлично му стои, исто како и сегашната!
Ова момче имало предобра, долга, руса коса, а на неа би му завидиле и многу девојки. Таа должина одлично му одговарала, но направил огромна промена со само едно шишање. Од коса во коњско опавче, сега има кратка коса, но си ја оставил подолга на темето и не е скроз ќелав.
@panjkovic_v Ralno kratka frizura je vost #panjkovic #panjkovic_v #panjkovicsalon #hair Pop Ikona - Corona
Причината за таквиот храбар и изненаден чекор не ја откри, но дефинитивно ќе му биде полесно со пократка фризура во топлите денови од летото. По шишањето изгледа како потполно нова личност и сите имаат впечаток дека гледаат две различни луѓе - едно момче со дола, а друго со кратка коса!
Двете фризури му стојат навистина добро, а ние не можеме да се одлучиме која е подобра. Но, ова шишање навистина го променило, со што се сложуваат и другите со оглед на тоа што видеото има повеќе од 130.000 лајкови.
фото: Принтскрин / ТикТок