Две млади момчиња одржаа лекција по хуманост: Продаваат чај за да ѝ помогнат на малата Наѓа

Две млади момчиња одржаа лекција по хуманост: Продаваат чај за да ѝ помогнат на малата Наѓа

Објавена во: Совети // Другарство

За време на зимскиот распуст Адам Стевановиќ (8) и Димитрије Јовановиќ (10) на многу луѓе им одржаа лекција за хуманоста. Двајца млади луѓе од Ниш им служеа чај на минувачите на температури кои тогаш беа под нулата за да соберат пари за лекување на тешко болната девојка Наѓа Марковиќ. За само два дена собрале речиси 54.000 динари и го уплатиле за лекувањето.

- Надја има многу тешка болест, таа е дете пеперутка. Нејзе и треба многу грижа и внимание, а родителите ја напуштиле веднаш по раѓањето, кога дознале за тоа. Нејзината приказна многу не растажи и решивме да и помогнеме, барем малку, да го купиме тој скап гел во Америка што ќе и ги олесни маките – изјавил малиот Адам.

Почетокот на школувањето и второто полугодие ја прекинаа нивната акција, но, како што велат, само до следните слободни денови кога ќе продолжат со хуманитарната работа.

- Дојдовме до оваа идеја инспирирани од приказната за постариот брат на Адам, кој имаше слична акција со своите пријатели, кога продаваше лимонада за да им помогне на децата за лекување - вели Димитрије.

Желбата им била да соберат пари за Наѓа продавајќи чај прво во населбата Дуваниште каде што живеат, а потоа и пред трговскиот центар во близина. Дома вареле чај, го ставале во шишиња -термос и го продавале за 50 динари. Велат дека биле изненадени од љубезноста на минувачите.

- Некои минувачи оставаа 100, 200, 1.000, а едно момче 8.000 динари, а не сакаа ни чај да се напијат - вели Димитрије.

Неговата мајка Милица вели дека родителите без размислување ги поддржале децата, без разлика што во тие денови било многу студено и дека се надеваат дека секој што може ќе одговори на акцијата.

Фото:Приватна архива
Извор: Novosti.rs


Објавена во: Совети // Другарство

Можеби ќе ве интересира: