Две пријателки го менуваат стандардот за убавина: Тие се доказ дека истите комбинации изгледаат одлично, без оглед на големата
Стандардите за убавина не се тоа што биле некогаш. Светски познатите модели како Кејт Мос и Наоми Кембел кои беа идеали за убавина во 90 - тите, денес се сметаат за икони, но повеќе не се „стандард“ кој жените сакаат да го достигнат во 21 - от век. Светот на модата и убавината стана поприфатлив, бидејќи луѓето го бараа тоа. Голема улога во сето тоа имаат и социјалните мрежи низ кои идеалите за убавина се менуваат.
Модната индустрија секој ден станува полиберално место, кое почнува да ги отвора вратите скоро за сите. Инклузивноста во модата е нешто кон што денес се стремат многу брендови, а можеме да кажеме дека целиот бран започна пред скоро десет години кога на сцената се појави ријалити sвездата Ким Кардашијан и ги нормализираше облините. Заедно со неа, поборниците за инклузивноста се и плус сајз моделите како Ешли Греам, Искра Лоренс и Палома Елсесер. Ешли Греам е првиот плус сајз модел кој ја красеше насловната страна на магазинот Вог во 2017 година, а денес тоа е плус сајз моделот Палома Елесер која беше заштитно лице на насловната страница на магазинот Вог за февруари 2021 година. Денес, можеме да видиме сами колку брендови вклучуваат плус сајз големина во нивните колекции. Светот на модата полека се менува, станувајќи поинклузивен. Почнува да изгледа како луѓето што ги среќаваме секој ден на улица, престанува да биде идила до која е невозможно да се стигне.
Инфлуенсерките на Инстаграм, а пред сѐ пријателки, @mariacastellanos_ri и @denisemmermercedes го започнаа #stylenotsize, чија цел е да се прикажат истите комбинации на различни градби на тело. Марија и Дениз физички се различни , едната носи конфекциски број 34, додека другата 44, а единствено нешто што носат исто е облека. Целото движење го започнаа во 2019 година за да покажат дека истата комбинација може да изгледа одлично, без оглед на големината.