Две реални шоуа посветени на разводот со Канје: Ким Кардашијан ќе ги открие сите детали
Кардашијанс
ја снимија последната сезона од ријалити
шоуто, но Ким сепак продолжува сама
Ријалити sвездата Ким Кардашијан поднесе барање за развод од раперот Канје Вест, а процесот на развод и како дојде до него ќе се прикаже на јавноста во две реални шоуа, пишува „Мирор“.
Ким веќе ја сними дваесетата, а воедно и последната сезона на реалното шоу „Во чекор со Кардашијанс“, кое беше снимено во времето кога се појавија гласини за развод, а тие епизоди ќе се емитуваат во март оваа година.
Во последната сезона на семејното реално шоу ќе биде прикажан периодот од последните девет месеци од бракот на Ким и Канје. Сепак, некои извори тврдат дека Кардашијан нема да се појавува често во последната сезона.
Бидејќи нејзиното семејство ги прекина врските со телевизијата „Е!“, новите реални шоуа за разводот на Ким и Канје ќе се емитуваат на каналот „Дизни“, на телевизиската мрежа „Хулу“.
Деталите за таа програма сè уште не се потврдени, но при објавувањето на новото партнерство, директорката на телевизијата Волт Дизни, Дана Владен, истакна дека повеќе сака реални шоуа без сценарио.
Да потсетиме, Ким поднесе барање за развод преку нејзината адвокатка Лора Васер, но точниот датум на разводот не е познат. Наводно, ниту Ким ниту Канје нема да го оспорат предбрачниот договор што го потпишале и тие ќе се разведат со заедничка согласност.
Биполарното пореметување и менталната состојба на Канје нема да влијаат врз старателството над нивните четири деца, ќерките Норт (7) и Чикаго (3), и синовите Сент (5) и Псалм (1), а Кардашијан наводно барала заедничко правно и физичко старателство над деца.
Иако тие ја донесоа одлуката заедно, во корист на двете семејства, Канје тешко го поднесе фактот дека разводот е неизбежен и поради се што се случува, тој е тажен и вознемирен. Неговата, наскоро, поранешна сопруга не сака да го одделува од децата, па му рече дека може да ги гледа кога сака.
Фото: Profimedia
Можеби ќе ве интересира:
Прва фотка од Ким Кардашијан по потврдата за равод: Никогаш не изгледала подобро, а сите коментираат еден детаљ