Џакузи, личен возач, луксузен апартман: Анастасија во Париз ќе има третман како светска ѕвезда
Ражнатовиќ во француската престолнина ќе го одржи својот прв настап, а организаторите се потрудија сѐ да биде на највисоко ниво...
Пејачката Анастасија Ражнатовиќ со месеци наназад се подготвува за својот прв настап кој е закажан за 12 март. Таа одлучи нејзиниот прв настап пред публика да биде во Париз, каде организаторите ѝ подготвија третман поради кој сигурно ќе ѝ подзавидат и светските ѕвезди.
Имено, Ражнатовиќ со тимот соработници ќе престојува во најлуксузниот хотел во француската престолнина, каде сѐ ќе им биде обезбедено на највисоко ниво.
„Анастасија ќе престојува во хотел кој важи за еден од најлуксузните во Париз во кој ќе го добие еден од најголемите апартмани од кои се гледа Ајфеловата кула. Апартманот има две соби, две бањи, џакузи, како и голема тераса. Таа ќе има и личен возач кој ќе ѝ биде на услуга 24 часа за време на престојот во Париз“ - откри добро известениот извор за „Телеграф“.
Како што се дознава, нејзината мајка Цеца Ражнатовиќ поради деловни обрвски нема да може да го следи првиот настап на својата наследничка.
Инаку, Ражнатовиќ истиот ден има концерт на Копаоник поради што не е изводливо да оди на пат со ќерка ѝ, но нема сомнеж дека со срцето и мислите ќе биде со неа.
За потсетување, Анастасија и раперот Слободам Вељковиќ, попознат како Цоби ќе бидат задолжени за добрата атмосфера во француската престолнина.