Џани го жени синот: Младенците со луксузен автомобил стигнаа во храмот Свети Сава (ВИДЕО)
Покрај сватовите, пред црквата се веселеа и младата брачна двојка...
Пејачот Радиша Трајковиќ Џани и Слаѓана Трајковиќ денес прават свадба на синот Милош, а младенците пред семејството и пријателите по вторпат ќе го кажат судбоносното „да“.
Милош и Нина во октомври 2020 година склучија граѓански брак, а денес судбоносното „да“ го изговорија и во храмот Свети Сава и по тој повод ќе имаат и гала прослава.
Невестата заблеска во бела венчаница со цветови, која имаше длабок шлиц, но и деколте, додека младоженецот одбра црн класичен костум.
Покрај сватовите, пред храмот се веселеше и младата брачна двојка. Младенците во храмот пристигнаа со луксузен автомобил.
Џани и Слаѓана пред да влезат во црква уживаа покрај трубачите кои беа собрани околу храмот, а среќната свекрва дури им даде и бакшиш.
фото: Принтскрин