Џастин Бибер и кланот Кардашијан - Џенер доминираат: Инстаграм фотографии на познатите кои ја одбележаа изминатата деценија

Џастин Бибер и кланот Кардашијан - Џенер доминираат: Инстаграм фотографии на познатите кои ја одбележаа изминатата деценија

Објавена во: Музика, Филм

Ве потсетуваме на десетте најлајкувани објави на сите времиња...

Во текот на изминатата деценија, многу јавни личности доминираа на социјалните мрежи, а особено на Инстаграм. Затоа не може да бидеме изненадени кога ќе се каже дека најголемиот број од најлајкуваните објави на оваа платформа се оние на холивудските ѕвезди.

Џастин Бибер, кланот Кардашијан - Џенер и некогаш фамозното јајце - да, јајце - имаа значајно влијание на Инстаграм. Во продолжение ве потсетува на десетте најлајкувани објави на сите времиња.

# 2010 - палецот на Кевин Систром

Во првата година на Инстаграм, најлајкувана објава беше онаа од инфлуенсерот Кевин Систром, кој ги објави својот палец и кучето од Мексико. Фотографијата има само 190 илјади лајкови, што за денешните стандарди е прилично малку.

# 2011 - Џастин Бибер со семејството

Следната година, најлајкувана објава на Инстаграм беше на тинејџерот Џастин Бибер, кој објави фотографија со семејството. Фотографијата тогаш „собра“ околу 260 илјада лајкови.

# 2012 - One Direction и Ноќта на вештерките

Годината во која сите беа обожаватели на машкиот бенд One Direction. Фотографијата која по повод Ноќта на вештерките ја објавија Луис Томилсон и Зејн Малик сега има над еден милион лајкови.

# 2013 - Џастин Бибер и Вил Смит

Бибер во 2013 година повторно беше најлајкуван и тоа кога сподели заедничка фотографија со Вил Смит. Фотографијата сега има над еден ипол милион лајкови.

# 2014 - Венчавката на Ким Кардашијан

Фотографијата од венчавката на Ким Кардашијан и Канје Вест беше најлајкувана фотографија на Инстаграм во 2014 година. Денес има повеќе од два ипол милиони лајкови.

# 2015 - слефито на Кендал Џенер

По својата сестра, местото на најлајкувана фотографија го зазема Кендал Џенер. Фотографијата моментално има повеќе од три милиони лајкови.

# 2016 - Селена Гомез со шише Кока Кола

Фотографијата на која Селена Гомез пие Кока Кола долго беше најлајкувана објава на сите времиња на Инстаграм. Сега има над седум милиони лајкови.

# 2017 - Бремената Бијонсе

Бијонсе со фотографија ја објави веста дека очекува близнаци. Им се заблагодари на обожавателите за прекрасните желби и исчезна од Инстаграм. Фотографијата денес има повеќе од 11 милиони лајкови.

# 2018 - раѓањето на ќерката на Кајли Џенер

Кајли ги „сруши“ рекордите со објавата за раѓањето на ќерката. Таа девет месеци ја криеше бременоста од јавноста, а потоа ги изненади сите објавувајќи фотографија со веста дека добила ќерка. Фотографијата моментално има скоро 12 милиони лајкови.

# 2019 - јајце

Тотално бизарно - но, најлајкувана фотографија во 2019 година беше фотографијата од јајцето. Како дел од светскиот предизвик, јајцето собра повеќе од 54 милиони лајкови.

# 2020 - смртта на Чедвик Боузман

Најлајкуваната фотографија за оваа година е веста за смртта на актерот Чедвик Боузман, на кој во 2016 година му беше дијагностициран рак на дебелото црево. Фотографијата засега има повеќе од 19 милиони лајкови.


Објавена во: Музика, Филм

Можеби ќе ве интересира: