Џастин Бибер и порача на Били Ајлиш: Сакам да ја заштитам

Џастин Бибер и порача на Били Ајлиш: Сакам да ја заштитам

Објавена во: Stars // Музика

Сите знаат дека Били е луда по Џастин, а сега стана јасно дека и таа на него му е драга.

Во интервју за Apple's Music, каде зборуваше за својата помлада колешка, Џастин Бибер рече дека сака да ја заштити и дека многу ја цени Били Ајлиш како личност, но и како пејачка, јавува Cosmopolitan.

„Многу добро знам како е кога толку млад ќе влезеш во музичката индустрија, сите ми зборуваа дека ме сакаат, а потоа само ми го свртеа грбот“ - рече Џастин, присетувајќи се на сопствените почетоци.

Изјави дека Били може да го контактира кога и да и затреба нешто, бидејќи сака да ја заштити од злобните луѓе и од се што, како млада ѕвезда, можеби ја очекува.

„Не сакам да помине онака како што поминав јас, не сакам никој така да помине. Доколку сум и потребен, оддалечен сум само еден позив“ - ѝ порача Џастин на Били.

Џастин со ова им даде до знаење и на останатите млади таленти дека ги разбира, бидејќи и тој како дете беше втурнат во шоубизнисот и знае колку стресно и тешко тоа може да биде.


Објавена во: Stars // Музика

Можеби ќе ве интересира: