Џастин Бибер најави три концерти: Како може да купите билет?
Откако пандемијата на коронавирусот спречи многу секојдневни активности, така и музичарите мораа да ги откажат сите свои турнеи и настапи, а секој еден од нас сигурно има барем еден пејач на чиј концерт сака да оди. Поп пејачот Џастин Бибер веќе се пушти во акција и ја најави својата турнеја која требаше да започне уште во 2020 година, но поради сплетот на околности не можеше да биде одржана.
Музичката ѕвезда, Џастин Бибер се враќа на сцената ова лето. Најави дека ќе одржи три концерти овој јули, кои ќе бидат дел од неговата најнова турнеја која требеше да започне во 2020 година, но беше одложена поради пандемијата. Бибер на 9 јули ќе настапи во „Prudential Centar“ во Њујорк, Њу Џерси, а потоа од 13 до 14 јули ќе бидат одржини уште два настапи во „Madison Square Garden“. Цените на влезниците во „Pridential Centar“, почнуваа од 99 долари, а за „Garden“ од 104 долари. Картите за целата оваа турнеја се достапни на „Vivid Seats“.
Од своите тинејџерски денови Џастин е познат како една од најголемите светски поп ѕвезди. Откако беше откриен на Јутјуб и соработуваше со ѕвезди како Ашер, Бибер во 2009 година го извади својот дебитантски албум „My World“, кој беше следен од хит албумите „Believe“ 2012 година и „Purpose“ 2015 година. Успехот на неговите песни „Baby“, „Boyfriend“ и „Beauty and the Beat“ на меѓународните радио станици брзо му помогна да стане глобална супер ѕвезда и да соработува со други големи ѕвезди како Chance The Rapper, Ариана Гранде, Тревис Скопт, Мигос и Шон Мендес.