Џастин Бибер подготвува тужби за жените кои го обвинија за силување
Адвокатите на Џастин Бибер тврдат дека не постојат никакви материјални, ниту нематеријални докази за овие тешки обвиненија на двете девојки....
Џастин Бибер ќе ги тужи двете анонимни жени кои неодамна го обвинија за сексуална злоупотреба, јавува Cosmopolitan.
Пејачот, според пишувањата на магазинот People, започна тужба вредна дури 20 милиони долари, против двете наведени девојки (кои се претставија под имињата Даниела и Кади), а неговите адвокати во тужбата наведуваат дека „обвиненијата против пејачот се невозможни и се наведени без никакви материјални или нематеријални докази“.
Во тужбата се наведува следното:
„Госпоѓа Даниела тврди дека е сексуално нападната во хотелот „Four Seasons“, на 9 март 2014 година. Но, Џастин Бибер не престојувал во тој хотел во март 2014 година и постојат бројни докази, како и сведоци, кои потврдуваат дека Даниела лаже.“ Истото важи и за обвинението на другата девојка, Кади, чии тврдења тие ги опишуваат како „невозможни и противречни на нејзините оригинално напишани изјави“.
Адвокатите на Бибер обвиненијата на двете девојки ги нарекоа и фабрикувани и измислени.
Како ќе се развива овој случај понатаму и што ќе одлучи судот кој е надлежен за овој случај, ќе мора да почекаме.
Може да ве интересира:(ФОТО) Џастин Бибер за првпат излезе од дома по обвиненијата за сексуален напад