Џастин Бибер повторно ја налути јавноста: Зошто белите луѓе не треба да носат суканици?
Новата фризура на Бибер предизвика разни коментари...
Иако работеше вредно за да стане една од најголемите и најуспешните ѕвезди на денешницата, уште од почетокот на кариерата, Џастин Бибер беше мета на отворена омраза, негодувања и остри коментари на социјалните мрежи, поради она што го прави и како се претставува во јавноста. Сценариото се повторува и сега, откако пејачот ја покажа новата фризура.
Бибер оваа недела на Инстаграм на покажа новата фризура - суканици и така докажа дека не учи од сопствените грешки, бидејќи моментално е обвинет за културно присвојување, што се случуваше и во далечната 2016 година, кога пејачот ја имаше истата фризура.
Социјалните мрежи се преплавени со коментари во кои се осудува невнимателното однесување на пејачот, но може да се најдат и коментари од они на кои не им е јасно зошто се создаде цела драма поради една обична фризура и зошто белите луѓе не треба да имаат суканици.
Зошто културното присвојување е навредливо? Проблемот настанува бидејќи одредени сегменти од културата на малцинската заедница се исмејувани и осудувани од општеството, но тие стануваат прифатливи и модерни само кога ќе бидат преземе од припадниците на доминантната култура.
Имено, суканиците и плетенките се традиционални фризури кои имаат големо културно значење за африканските народи. Тоа не биле само фризури, туку и симбол на социјалниот статус и дел од идентитетот на поединци, така што робовладетелите им ги бричеле главите на заробените Африканци. Низ историјата Афроамериканците биле приморани да се откажат од своето културно наследство за да бидат прифатени во западниот свет. Афроамериканците и денес дискриминирани поради своите традиционални фризури, што значи дека во одредени училишта не смеат да одат со такви фризури, а работодавците често бараат од жените да ги отплетат плетенките или да ги исправат афро фризурите, бидејќи ваквите фризури на Афроамериканците се третираат како политички изјави. Од друга страна на белите луѓе истите фризури им се дозволени, бидејќи на нив тие се само моден додаток.
Двојните аршини се очигледни во оваа приказна, а јавноста во случајот на Бибер смета дека пејачот со своите постапки само ги истакнува.