Џастин со нова тетоважа: Има ли некое посебно значење?
Џастин објави фотографија од новата тетоважа, непосредно пред да го објави неговиот нов албум под назив „Changes“, кој излегува за Денот за вљубените.
Џастин Бибер сподели Инста стори и на светот му ја покажа својата нова тетоважа - лисја на вратот и клучните коски, а доколку на некој не му е јасно што значи оваа тетоважа, интернетот повторно овозможи одговор на прашањето.
Иако тој самиот не откри што му значи тетоважата, следи објаснувањето на интернетот:
Според пишувањата на Универзитетот Old Dominion, станува збор за ловоров венец, кој се спомнува во Новиот завет и веројатно на некој начин е поврзан со верата на Џастин. Симболиката на овој венец наводно е за „оние кои истрајуваат“, а тоа секако може да се поврзе со животот и кариерата на Џастин, јавува Cosmopolitan.
Иако во својот живот има поминато многу работи, како убави, така и помалку убави, тој и понатаму ги следи своите соништа и го прави она што го сака. Дефинитивно ги остварува своите цели. Па така, сега ни е јасно зошто ја избрал токму оваа тетоважа како свој нов „украс“, пред излегувањето на новиот албум.
А, како ви се допаѓа на вас?