Џастин Тимберлејк: Второто бебе постојано не држи будни
Џастин Тимберлејк во емисијата на Елен Деџенерис потврди дека повторно станал татко. Двојката на новото момче му го даде името Финеас и тие не ја кријат својата радост поради раѓањето. Пејачот веќе се пошегува дека никој не спие во куќата поради бебето, но тој истакнува дека тој и неговата сопруга Џесика Бил се исполнети со благодарност.
„Тој е одлично бебе, многу е симпатичен. Никој повеќе не спие во куќата… Но, ние сме среќни. Благодарени“ - рече Џастин.
.@JTimberlake told me the name of his new baby! Don’t miss the full interview on my show tomorrow. pic.twitter.com/grBQ9sls0S
— Ellen DeGeneres (@TheEllenShow) January 18, 2021
Џесика и Џастин се венчаа во 2012 година, а во 2015 година го добија своето прво дете.
Овој пат, Елен беше една од ретките луѓе кои знаеја дека Џесика е повторно бремена, а не е член на семејството. Кога го праша за родителството, сега кога има две деца, тој повторно се пошегува со својата пријателка:
„Не се гледаме повеќе!“ - се смееше, а потоа призна: „Не, забавно е, навистина. Постариот брат е добар и со бебето, го сака. Но, Фин сè уште не оди, ниту може да игра брканицае, па затоа ... ќе видиме што ќе ни донесе следниот ден.“