Џастин замина сам на патување: Дали Селена Гомез е причината за тоа?
Селена Гомез испушти уште една бомба кога ја издаде песната „Lose You to Love Me“. Никој не очекуваше дека оваа песна ќе ја прочисти од сите емоции што ги предизвика нејзината врска и разделба со Џастин Бибер. Објавувањето на истата предизвика драма помеѓу обожавателите на Хејли и Селена, а пејачката се обиде да ја затвори оваа тема и ги замоли своите обожаватели да бидат љубезни. Џастин остана тивок на оваа тема и новата музика на неговата поранешна.
Џастин неодамна замина на соло патување за да си ги одмори мислите, а обожавателите мислат дека тоа го има направено поради Селена Гомез. Џастин со прекрасната глетка од езеро окружено со дрвја откри каде ги одмара мислите. „Бев на патување сам за да се помолам, да се преиспитам...“, напиша Џастин покрај фотографијата, а потоа додаде дека е време да се врати дома покрај Хејли.
Сепак, неговите обожаватели не му поверуваа, па имаше коментари од типот дека размислувал на Селена и колку нејзината песна го погодила.