Џехверовиќ и Сара Јо како Ума Турман: Која имаше поуспешна маска за Ноќта на вештерките?

Џехверовиќ и Сара Јо како Ума Турман: Која имаше поуспешна маска за Ноќта на вештерките?

Објавена во: Stars // Музика

Изминатиот викенд главна тема на социјалните мрежи беа маските за Ноќта на вештерките. Сите помалку или повеќе се фалеа со својата креативност, а ништо помалку не беа ни познатите ѕвезди.

Откако ги видовте маските на светски познатите ѕвезди, ви откриваме и како беа маскирани едни од најпопуларните пејачки од Србија. Тие двете се особено актуелни помеѓу тинејџерите во региониот, а нивните маски беа дочекани со голем восхит.

Пејачката Теодора Џехверовиќ на својот Инстаграм профил објави серија фотографии на кои покажа дека се маскирала во главната хероина од филмот „Kill Bill“. Имено, таа за Ноќта на вештерките беше Ума Турман. 

Таа за овој сет одлучи да го облече жолтиот костим по кој познатата актерка е позната. На фотографиите, Теодора имаше и мотор и меч, како и детали кои претставуваа крв.

„Одмаздата е најдобра кога се сервира ладна“ - напиша пејачката покрај фотографиите.

За разлика од Џехверовиќ, Сара Јовановиќ објави фотографии на кои е исто така маскирана во Ума Турман, но од постерот за филмот „Pulp Fiction“.

Таа успеа во потполност да ја изимитира позата и мимиката на актерката, како и костимот и фризурата кои допринесоа Сара неверојатно да потсетува на Ума.

„Зар не е позабавно кога немате дозвола?“ - напиша младата пејачка покрај фотографиите.

Што мислите, која од овие две пејачки беше поуспешна?


Објавена во: Stars // Музика

Можеби ќе ве интересира: