Џеј Ло никогаш не го врати вереничкиот прстен? Дијамантот што Бен Алфек ѝ го подари денес вреди 12 милиони долари
Во ноември 2002 година, за прв пат, блесна прстен на раката
на огнената Џеј Ло, кој тогаш
чинеше 2,5 милиони, а денес неговата вредност е многу поголема.
Пред речиси две децении, Џенифер Лопез едвај најде зборови за да ја опише својата среќа по повод свршувачката, во разговор со Дајан Соер. Тогаш Бен Афлек и подари розов дијамантски прстен потпишан од Хари Винстон од 2,5 милиони долари.
Денес, според дополнителните наводи, цената на „каменот“ значително скокнала - наводно вреди дури 12 милиони.
По разделбата, пејачката никогаш не го вратила вереничкиот прстен - судејќи според изјавата на нејзиниот поранешен публицист Роб Шатер, „ако обновената врска се движи во таа насока, Џеј Ло веќе го има најубавото парче накит што ќе ја испрати/следи целата приказна“, пишува локалниот печат.
- Колку што знам, Џен никогаш не го врати прстенот. Затоа, ако нивната љубов повторно се движи во таа насока, да се венчат, таа веќе го има најубавиот прстен што сум го видел - објасни тој.
Да потсетиме, Бен ја побара Џенифер за жена во ноември 2002 година, во куќата на неговата мајка во Бостон.
- Имаше свеќи, цвеќиња, а мојата песна „Glad“ се слушаше во позадина ... Боже! - коментираше Лопез разговарајќи со Соер.
Фото: Инстаграм/Џенифер Лопез