Џеј Ло ова ќе го памети цел живот: Алек на невиден начин ја изненади за Денот на вљубените
Џенифер Лопез остана без зборови...
Алекс Родригез продолжува да ги „поместува“ границите кога станува збор за љубовта кон Џенифер Лопез. Имено, поранешниот бејзбол играч одлучи да ја изненади својата свршеница на необичен начин на Денот на вљубените.
Дека тој успеал во тоа, сведочат и видеата што Џенифер ги објави на Инстаграм.
Имено, Алекс и оставил огромен букет цвеќе на масата, со голем број ружи, како и со порака чија содржина Џеј Ло не ја откри. Но, тоа не беше сè.
Сè започнало ноќта пред Денот на вљубените. Имено, Алекс го украсил креветот со ливчиња од роза каде што биле испишани првите букви од нивните имиња, и сето тоа било врамено во срце.
Балони имаше од сите страни, а во соседната соба оставил натпис „Те сакам“.
Погледнете како изгледаше сето тоа: