Џејла Рамовиќ сега има друга професија: Тоа е нов предизвик во мојот живот
Младата пејачка Џејла Рамовиќ победи во „Ѕвездите на Гранд“ пред две години и тогаш ги освои симпатиите на публиката во целиот регион. По победата го објави синглот „Руине“, но по него не продолжи со снимање на нови песни.
Џејла вели дека причината за тоа е што чека да се појави вистинската песна, а до тогаш има друга професија - работи рекламни кампањи во кои го позајмува гласот.
„Тоа почна пред две, три години, а сега е малку поинтензивно, бидејќи неодамна се случи реклама во која го позајмив гласот. Тоа е некој предизвик во мојот живот“ - истакна Џејла за „Grand news“.
Таа зборуваше и за влијанието кое го има на младите.
„Мислам дека немам влијание само на девојките кои сакаат да пеат, туку и на другите девојки кои ме следат. Мене навистина ми е чест кога нивните родители ќе ми пријдат и ќе ми кажат дека сум им пример, некој кој го гледаат и следат. Јас навистина се трудам да им бидат добар прпимер“ - искрена беше младата пејачка.