Џејми Ли Кетрис е горна на своето трансродово дете: Со задоволство гледав како мојот син станува жена
Актерката Џејми Ли Кетрис во најновото интервју открива колку е горда што нејзиното најмладо дете станало трансродова личност. Како што вели ѝ било задоволство кога се трансформирало од маж во жена, а потоа одбрале ново име.
Зборувајќи за процесот на транзиција, Кетрис истакна дека таа и нејзиниот сопруг вчудоневидено и гордо гледале како нивниот син, Томас, станал жена, која си го дала името Руби.
Откако добила дозвола од Руби (25), актерката во интервјуто зборувала како ја исфрлила идејата дека полот е фиксен и дека наместо тоа се потпира на идејата дека животот е „постојана метаморфоза“.
Изминатите неколку години Џејми им дава поддршка на трансродовите личности, па така во 2017 година сподели вест на „Huffington Post“ на Твитер под иметот „Драги транс деца. Писмото кое сите сакаме да сме го напишале. (од транс учител)“.
Актерката со години ги чуваше децата од погледот на јавноста и само на неколку настани биле заедно. Поради гордост и договор со Руби, за „AARP“ дури зборуваше и дека нејзината ќерка наскоро ќе се мажи.
„Ќе се венча следната година, на венчавка која ќе ја служам јас“ - кажа ѕвездата на филмот „Ноќ на вештерките“.
Иако не прецизираше дали Руби ќе се мажи за маж или жена, по објавите на социјалните мрежи, очигледно е дека има девојка.
Извор: ProfimediaРодот и сексуалноста се две различни и неповрзани работи, а Кетрис порано зборуваше дека ова е приватна работа.
„Мислам дека на никој не се однесува која е сексуалноста на луѓето, да бидам потполно искрена“ - кажа за Pride Source 2019,одговорајќи на прашањето за својата сексуалност и залагање за ЛГБТ заедницата.
Кетрис, која е ќерка на филмски ѕвезди кажа дека имала убаво детство помеѓу хомосексуалци благодарејќи на своите холивудски родители.
„Шминкерката на мојата мајка беше геј, драматургот со кој играше беше голем пријател на нашето семејство и тој беше геј. Сепак, не мора да имате сопствено искуство за да се чувствувате сочувство и потреба за правда и еднаквост. Во ЛГБТ светот секако дека имам пријатели и семејство, но не морам да имам директно искуство за да почувствувам сочувство кое навистина го чувствувам за прифаќањето и еднаквоста во сите области“ - кажа во една прилика актерката.
Актерката и нејзиниот сопруг со години се бореа со неплодноста, па во 1986 година ја посвоија најстарата ќерка Ени. Девет години подоцна ја посвоија Руби.
Во 1996 година таа ја напиша книгата „Кажи ми повторно за ножта во која сум роден“, за да ја нагласи важноста за споделувањето на приказната за посвоеното дете.
фото: EPA-EFE/NINA PROMMER