Џејмс Бонд повторно одложен: Били Ајлиш го објави спотот за најновото продолжение на филмот за тајниот агент

Џејмс Бонд повторно одложен: Били Ајлиш го објави спотот за најновото продолжение на филмот за тајниот агент

Објавена во: Stars // Филм

Уште во февруари, Били Ајлиш ја претстави насловната песна на 25-то продолжение на култниот филм за Џејмс Бонд. Сега песната доби и видео запис.

Веќе добро познатата песна, која сега има и видео запис, прикажува и снимки од јубилејното 25-то продолжение на филмот Бонд, со наслов „Нема време за умирање“.

Били Ајлиш е најмладиот музичар што некогаш снимил песна за најпознатиот таен агент на светот.

„Дека рекордс“ го претстави и целиот саундтрак (музика од филмот), кој ги слави сите претходни делови од најпознатата филмска франшиза во светот, а најавена е и компилација што ќе ги вклучува водечките песни на секој од филмовите изведени од Кралската филхармонија.

Поради пролонгирање заради пандемијата, премиерата на последното продолжение се очекуваше во ноември. Сепак, како што пренесува Ројтерс, било одлучено да се почека со премиерата.

Продуцентите најавија дека ќе го гледаме „Нема време за умирање“ следната година, во април.


извор:rts.rs

Објавена во: Stars // Филм

Можеби ќе ве интересира: