Џена Ортега хистерично плачела за време на снимањето на „Wednesday“: Сѐ заради една сцена

Џена Ортега хистерично плачела за време на снимањето на „Wednesday“: Сѐ заради една сцена

Објавена во: Stars // Филм

Не е толку лесно да се биди актерка...

За Џена по улогата во серијата „Wednesday“ слушнаа сите! Иако таа улога ја прослави и забавувала за време на снимањата, имало и моменти кога не ѝ било толку добро и кога дури и плачела.

Џена се дала целосно на снимањето на „Wednesday“. Сакала да го изработи најдобро што може, а крајниот резултат го покажал тоа. Серијата стана апсолутен хит! Толку се имаше потрудено што дури одлучила и да свири виолончело за сцената во која Венсдеј свири, да биде што пореална и навистина да се види дека таа свири. Покрај тоа, на снимањето заболела од корона, а имаше гласини и дека својот популарен танц го одиграла токму додека била болна. Било напорно, тоа е јасно, особено за неа како главна актерка која има најмногу сцени.

Во интервју за „Variety“ откри дека иако ѝ било убаво на снимањата, имало моменти кога не била воопшто расположена. Толку што занела да има напади во кои хистерично плачела. Морала да доаѓа дури два часа пред снимањето за да се подготви и потоа требало да одработи снимање кое траело и по повеќе од 10 часа. По снимањето морала да брза дома и да се приклучи на „Zoom“, каде што ги слушала предавањата, а некои денови, покрај сите други обврски, имала и часови за свирење виолончело.


Имала распоред од кој секој би се распаднал. Особено ја уништило свирењето на новиот музички инструмент. Покрај сите подготовки за сетот, ја имала и оваа дополнителна. Да се научи „Paint It Black“ не било воопшто лесно. Тоа било убавиње во поим, но не сакала да се откаже или да користи друга личност која би ја заменила за таа сцена. Сакала тоа да биде токму она, за целата сцена да изгледа реално. Не спиела колку што треба и притисокот толку ја убивалл што знаела хистерично да му плаче на татко ѝ на телефон. Режисерот ја охрабрувал и ѝ бил поддршка, па тоа за нијанса ги олеснило работите. Сепак, не може да се порече дкеа снимањето навистина ѝ било тешко. Се надеваме дека втората сезона нема да ѝ биде волку напорна и дека Венсдеј нема да свири тешки песни.

фото: Принтскрин / Imdb

Објавена во: Stars // Филм

Можеби ќе ве интересира: