Џенифер Анистон го објасни својот 15-15-15 медот на вежбање: Потребно ми е движење

Џенифер Анистон го објасни својот 15-15-15 медот на вежбање: Потребно ми е движење

Објавена во: Живот // Живот

Џенифер Анистон (52), со години изгледа сѐ подобро и подобро, а за тоа е заслужно вежбањето и воздржувањето од нездравата храна.

За списанието „Instyle“, таа откри дека има одлична самоконтрола кога станува збор за нездравата храна. „Можам да изедам само една бонбона или само еден чипс од пакувањето. Знам, за некои тоа е многу иритирачки“ - вели таа. Таа нагласи дека е умерена во пијалокот и дека коктелите не ја доведуваат во искушение: „Пијам најмногу два до три пијалоци, чиста маргарита без шеќер или мартини. Не ме интересираат егзотичните пијалоци или коктели. Кога се преселив во мојата куќа, неколку луѓе ми подарија текила за вселување. Имам визба во куќата со сите можни жестоки пијалоци, па ако дојдете кај мене, можете да пиете што сакате.“

Кога е во прашање вежбањето, има одреден метод 15-15-15: „Тоа подразбира дека 15 минути возам велосипед, 15 минути вежбам на елипсовидната справа и 15 минути трчам на лента. Потребно ми е некое движење, макар тоа да е 10 минути на трамболина“ - откри актерката.


Објавена во: Живот // Живот

Можеби ќе ве интересира: