Џенифер Лопез сепак е сама: Ја раскина двегодишната љубовна врска со Алекс Родригез

Џенифер Лопез сепак е сама: Ја раскина двегодишната љубовна врска со Алекс Родригез

Објавена во: Живот // Живот

Пејачката и бејзбол играчот најавија венчавка за минатата година, но поради пандемијата не се одржа. Тогаш одлучиле да се венчаат кога работите малку ќе се „смират“, но изгледа тоа сепак нема да се случи.

Најславната латино дива Џенифер Лопез ја раскина двегодишната љубовна врска со Алекс Родригез.

Како што наведува порталот „Page Six“, Џеј Ло неодамна призна дека тие двајца посетувале терапија за парови, а Родригез странските медиуми го поврзуваа со Медисон Лекрој, 30-годишната старлета. Овие гласини и двајцата ги демантирале.

Неименуван извор рекол дека Родригез моментално престојува во Мајами, а Џенифер Лопез снима филм во Доминиканската република, па поради тоа се разделени, што најверојатно влијаело на врската.

Извор: B92.net


Објавена во: Живот // Живот

Можеби ќе ве интересира: