Џеси Џеј има нов албум!

Џеси Џеј има нов албум!

Објавена во: Stars // Музика

Британската пејачка Џеси Џеј во петокот го објави својот нов албум! 

Таа албумот  "This Christmas Day" го имаше најавено на нејзиниот инстаграм профил уште пред еден месец, каде изјави дека првичната идеја за да сними ваков албум ја добила при крајот на јули. Тогаш направила листа од сите продуценти со кои би сакала да соработува и била пресреќна кога СИТЕ  ја прифатиле нејзината понуда. 

Исто така, Џеси изјави дека албумот го снимила за САМО 14 дена, во период кој ѝ беше исполнет со многу настапи, како дел од турнејата R.O.S.E., посветена на нејзиниот претпоследен албум.

Новиот албум е насловен "This Christmas Day" се состои од една нејзина авторска песна - This Christmas Day и 10 други препеви во нејзин стил на едни од најпознатите божиќни хитови.

Ние знаеме што ќе слушаме овој декември!

Photo credits: @jessiej

Објавена во: Stars // Музика

Можеби ќе ве интересира: