Џиџи Хадид повеќе ја нема природната боја на коса: Се инспирираше од познатата серија

Џиџи Хадид повеќе ја нема природната боја на коса: Се инспирираше од познатата серија

Објавена во: Мода // Moj стил

Одлично ѝ стои...

Кога ќе ги видиме познатите личности како одлично ги носат некои трендови и самите добиваме желба да ги испробаме, а кога ќе го направиме тоа, често на крајот се каеме. Навикнати сме да ја гледаме Џиџи со нејзината коса со која изгледа како Дизни принцеза, но сега ги изненади сите со новата промена.

Некои познати личности ги сакаат промените и сме навикнати постојано да не изненадуваат со нешто ново, но некои веќе со години изгледаат исто. Една од тие кои припаѓаат во втората категорија е Џиџи Хадид. Откако знаеме за неа таа изгледа фантастично, но исто. Затоа сите се изненадија кога сега одеднаш се појави со друга боја на косата. Не станува збор за прамени или нијансирање, туку за целосна промена. Косата на Џиџи сега е портокалова.

Секако дека новата боја ѝ стои одлично, зарем очекувавте нешто друго? Со оглед на то а дека ова не е баш толку мала промена сите ги интересираше и како воопшто се одлучила за оваа боја. Џиџи на стори откри дека инспирација за оваа трансформација и била Бет Хармон, главниот лик од хит серијата „The Queen's Gambit“.

Пред и самата да се одлучиш за некоја ваква промена, имај на ум дека оваа боја на коса не одговара на сите, бидејќи е специфитична, а на многумина им е тешко да ја добијат од прва.


Објавена во: Мода // Moj стил

Можеби ќе ве интересира: