Џимин од BTS руши рекорди со новата песна!
Поминаа само неколку дена од почетокот на 2019 година, а членот на бендот BTS, Џимин, веќе соборува рекорди со неговата прва песна „Promise”.
„Promise” го собори рекордот за најмногу стримови, 8.5 милиони, за замо 24 часа. Оваа песна го задржа првото место на SoundCloud ТОП 50 листата и на New&Hot charts за најслушана песна за само 48 часа.
Акустичната мелодија многу бргу стана омилена насекаде, па дури се најде и на првите места на неколку топ-листи во САД, Англија и Јапонија. Исто така стана и втора најслушана мелодија на SoundCloudu за само 4 дена.
Во продолжение преслушајте го хитот на Џимин.