Џина Џиновиќ го потврди раскинувањето со фудбалерот: „Не е време за нас“

Џина Џиновиќ го потврди раскинувањето со фудбалерот: „Не е време за нас“

Објавена во: Совети // Boys and Girls

Андреј неодамна потпиша професионален договор со словенечкиот тим Домажале.

Ќерката на пејачот Харис Џиновиќ и модната дизајнерка Мелина Џиновиќ, Џина Џиновиќ го привлече вниманието на јавноста речиси идентично како нејзините познати родители.

Нејзината врска со фудбалерот Андреј Ѓуриќ ја заинтригира јавноста откако потврдија дека се заљубени.

Џина сега откри дека раскинале и дека секој тргнал по својот пат. Одговарајќи на прашањата на следбениците, миленичката на Харис напиша:

- Андреј е најдобрата душа што ја познавам и толку многу го почитувам, ценам и сакам што не можам да опишам колку му се восхитувам. Тој во секоја смисла е единствениот маж за мене, но сега не е моментот за нас. Тоа не значи дека ние еден ден, без разлика дали за четири, пет месеци или две години, нема да се вратиме еден на друг – напиша таа.

Имено, фудбалерот неодамна потпиша професионален договор со словенечкиот тим Домажале, што ги подгреа сомнежите дека овој млад пар ќе продолжи својот живот заеднички во Словенија.

Како што се шпекулираше, на ваквата одлука се спротивставил нејзиниот татко Харис, кој не бил за тоа неговата ќерка поради љубов да го напушти училиштето и да ја напушти Србија на толку млада возраст.

извор:telegraf
фото:instagram

Објавена во: Совети // Boys and Girls

Можеби ќе ве интересира: