
Џони Деп го обвинија за семејно насилство: Некогаш бил само невино дете
Кариерата на 57 - годишната ѕвезда сега е под знак прашалник.
Актерот Џони Деп деновиве е актуелен по тоа што го изгуби „случајот на векот“, Врховниот суд во Лондон донесе пресуда дека холивудската ѕвезда е „семеен насилник“.
Односно, Џони својата поранешна жена Амбер Херд и британскиот весник „The Sun“ ги тужеше за клевета, но Амбер на судот сведочела и посочила дека за време на нивната турбулентна врска и брак, актерот ја удрил 14 пати, а по 16 - дневното сослушување актерот го изгуби случајот.
Како и секој човек, така и Деп некогаш бил само невино дете.
Погледнете како изгледа Џек Џон Кристофер Деп III, синот на Деп кој ретко се појавува во јавноста.