Џоџо Сива го откри идентитетот на својата девојка: Пресреќни сме

Џоџо Сива го откри идентитетот на својата девојка: Пресреќни сме

Објавена во: Stars // Музика

Џоџо Сива деновиве предизвика многу реакции во јавноста, бидејќи откри дека не е „стрејт“, односно дека е член на ЛГБТ заедницата! Откако кај Џими Фалон потврди дека не е „стрејт“, Џоџо откри и дека има девојка! Таа имаше само пофалби за нејзината партнерка, која ја пофали дека ѝ е најголема поддршка, а сега го откри и нејзиниот идентитет!

Џоџо објави фтографија по повод нивниот прв месец заедно, и откри дека името на нејзината девојка е Кајли. „По една година прекрасно пријателство, среќна сум што можам да ја наречам моја девојка оваа прекрасна личност. Овој месец со тебе е еден од најдобрите месеци во мојот живот! Се радувам на секој нов ден поминат со тебе. Те сакам“ - напиша Џоџо во описот на нивната заедничка фотографија на својот Инстаграм профил, пренесува Daily Mail.

Подоцна тој ден Џоџо сними и видео на ТикТок во кое може да се видат како разменуваат нежности пред камерата.

Скоро ништо не се знае за Кајли, освен информациите што ги откри Џоџо. Кајли се чини е личност која досега не била актуелна за јавноста.

Џоџо откри дека има девојка во гостувањето кај Џими Фалон, а ги омекна сите кога својата партнерка ја нарече „моја девојка“. Таа му рече на Џими дека ризикувала многу затоа што публиката на Џоџо е првенствено помлада и има многу хомофобични родители. Сепак, Џоџо наиде на претежно позитивни реакции.

„Ризикував, но сакав да ја споделам својата љубов со светот. Бев изненадена од позитивните коментари и љубовта кои ги сретнав на социјалните мрежи. И мојата девојка, се разбира, беше полна со поддршка. Таа ме тешеше кога бев исплашена и нервозна, но сè помина во ред. Драго ми е што успеав да ја споделам мојата среќа и љубов со мојата публика“ - рече Џоџо во интервјуто.


Објавена во: Stars // Музика

Можеби ќе ве интересира: