Џоџо Сива ја откри голготата низ која поминале: Целото мое семејство имаше коронавирус
Џоџо Сива е многу автентична појава на сцената и нејзината појава не може да биде заборавена, но иако делува младо и несериозно, таа многу работи во својот приватен живот ги задржува за себе - не дознавме веднаш ни кој е нејзиното таинствено момче, па дури нешто подоцна го откри на ТикТок! Младата ѕвезда не зборуваше ни за моменталната ситуација во светот сѐ до сега, кога откри дека всушност и самата била позитивна на коронавирус.
Имено, пејачката и танчерка во новото интервју за „Entertainment Tonight“ откри дека коронавирусот за неа и нејзиното семејство бил навистина искуство, бидејќи сите го имале! „И јас на крајот го имав вирусот, ужасниот Ковид - 19. Го помина целото мое семејство“ - открива таа, со детално објаснување на симптомите кои членовите на нејзиното семејство ги имале и кои ги почувствувала таа.
„Сите имавме силна главоболка, бевме преуморни, едвај дишевме, имаше повеќе работи во исто време. Сите од моето семејство ги изгубија сетилата за мирис и вкус, што на мене од некои причини не ми се случи. Секој го доживува овој вирус различно, ние сите го имавме за околу три дена разлика“ - го сподели Џоџо своето нерпијатно искуство.
Џоџо во август на ТикТок го претстави своето ново момче, Марк Бонтемп, но во ноември двојката одлучи да се раздели. Џоџо го објасни и тоа: „Бевме заедно само три месеци и ни беше прекрасно. Имаше забавни ноќи, се возевме 450 пати, никогаш не се ни скаравме или налутивме еден на друг. Сето тоа беше навистина преубаво“ - раската Џоџо. Но, тогша во што бил проблемот?
Проблемот очигледно е недостаток на време! „Мораме да работиме, имаше работи во кои би сакала да бев со него, но тој знаеше дека мора 250% да се посвети себе во тоа. Не сакав да му ја одзимам таа можност, па се договоривме дека можеме да бидеме пријатели“ - заклучи Џоџо. Сево ова звучи како мирна разделба.
Може да ве интересира: