Џони Деп во продолжението на „Јужни ветар“: Ќе може ли да бира улога?
Џони Деп наводно би требало да глуми нарко - дилер во третото продолжение на филмот „Јужни ветар“...
Познатиот холивудски актер би требало следната година да ѝ се приклучи на екипата од акциониот трилер кој го режира Милош Аврамовиќ.
Преговорите за ангажманот на Деп почнаа уште во октомври минатата година, за време на неговиот престој во Белград.
„Џони се запозна со актерите и режисериот кога во октомври минатата година беше во Србија за да го промовира анимираниот филм „Puffins“, кој е направен во нашата земја. Тогаш Биковиќ и Аврамовиќ му кажаа дека би сакале да го видат во продолжението на „Јужни ветар“. Деп им одговори дека е многу заинтересиран, но дека прво мора да провери кога има слободни термини за снимање“ - раскажа добро известениот извор и додаде дека потоа продуцентите уште еднаш стапиле во контакт со најпознатиот „пират од Карибите“.
„Деп преку телефон го потврди ангажманот, а остана само сето тоа да се стави на хартија и да се потпише. Очекуваме наскоро да биде официјализирано. Џони доби улога на нарко - дилер кој има разработен бизнис по целиот свет, па така ќе се поврзе и со Мараш и останатите“.
Главниот херој на „Јужни ветар“, Милош Биковиќ никогаш не криеше дека би сакал да дели кадар со познатиот актер.
„Деп е одличен тип и има одлични улоги. Би сакал да го видам во продолжението на „Јужни ветар“, може да бира улога. Секако освен Петар Мараш. Би сакал да играм со него. Кастингот е отворен, па ако помине Деп, ќе биде примен“ - кажа актерот.
Покрај Биковиќ и Деп, во третиот дел од филмскиот хит на режисерот Милош Аврамовиќ ќе играат и Миодраг Радоњиќ, Мики Манојловиќ, Јована Стојиљковиќ и Александар Берчек.
фото: Принтскрин / Инстаграм