Џорџ и Шарлот воодушевија за време на божиќната прошетка
Кралското семејство присуствуваше на традиционалната божиќна прошетка пред мисата. Најголемото внимание го „украдоа“ Шарлот и Џорџ.
Принцот Џорџ и принцезата Шарлот по првпат учествуваа во традиционалната прошетка пред мисата во Sandringham. Овој кралски обичај оваа година го прескокнаа Хари и Меган кои оваа година отпатуваа во Канада. Сето внимание кое обично е на нив, овој пат го „украдоа“ децата Вилијам и Кејт, јавува Elite Daily.
Мисата во црквата Марија Магдалена, на имотот на кралицата, беше прв ваков собир за постарите деца од Кембриџ. Пристојно ги поздравуваа гостите, го запознаа свештеникот и одеа со родителите држејќи се за раце. Се дружеа со своето семејство - дедото Чарлс, принцезата Беатриче, Камила Паркер Бовлс и вереникот на принцезата Беатриче.
Џорџ беше облечен во преслатко одело, а Шарлот носеше смарагден капут кој беше согласно чевлите, шеширот и чантата на мајка си. Кралицата се појави во класично издание, носејќи силни бои.