Ед Шеран и BTS работат на нова песна
Големиот
интерес за момците од BTS не престанува да расте, откако со секоја нова песна тие буквално
постигнуваат вртоглава гледаност на Јутјуб, светските ѕвезди сѐ повеќе сакаат
да соработуваат со нив.
Имено, пред неколку дена во едно интервју таква соработка најави и Ед Шеран. Тој одговараше на твитови од своите фанови, а еден од нив гласеше: „Сакам BTS х Ед Шеран, но тоа никогаш нема да се случи.“
На ова пејачот одговори со: „Всушност, напишав песна која во моментов момците ја преслушуваат. Не знам, но мене тие многу ми се допаѓаат.“
Инаку во последно време BTS и Ед си разменуваат и пораки на Твитер и Инстаграм, така што веројатно нивната соработка и не е баш невозможна.