Еден ги засени сите: Кои познати Македонци му беа гости на Слави Трифонов?

Еден ги засени сите: Кои познати Македонци му беа гости на Слави Трифонов?

Објавена во: Живот // Живот

Познатиот бугарски водител Слави Трифонов и лидер партијата „Има таков народ“, денес тој е поактивен во политиката, отколку на останатите полиња, а во времето кога беше еден од најпознатите шоумени во својата држава, па и пошироко, беше домаќин на едни од најзвучните имиња од нашиот шоубизнис.

Тоше Проески, најпознатиот македонски пејач беше гостин во неговото телевизиско шоу. „Дами и господа ви го претставувам најпознатиот македонски пејач Тоше Проески“ - со овие зборови, Слави го најави Тоше, кој ја искористи оваа прилика за да ѝ ги покаже своите вокални способности на бугарската публика.


Во истиот период, гостинка на Слави му беше и Каролина Гочева. Иако од нејзиното гостување го нема целото видео на социјалните мрежи, како сведок остана песната „Лихнида кајче веслаше“ која ја отпеа заедно со Слави. Овој дует на Јутјуб има скоро 300.000 прегледи.


Третиот Македонец, кој по своето зборување ги засени претходните двајца беше Игор Џамбазов. Тој како и секогаш, без влакна на јазикот си кажа сè што му лежеше на душа, а многумина за ова негово гостување знаат да кажат дека е „легендарно“. Тоа е така, бидејќи ниту Слави не успеа да излезе на крај со него.


Објавена во: Живот // Живот

Можеби ќе ве интересира: