Еден од најдобрите пејачи на денешницата ги шокираше сите: Ед Ширан откри како звучел пред популарноста (ВИДЕО)

Еден од најдобрите пејачи на денешницата ги шокираше сите: Ед Ширан откри како звучел пред популарноста (ВИДЕО)

Објавена во: Stars // Музика

Може и ушите да те заболат после ова!

Би очекувале отсекогаш да пее како славеј, а потоа се појавува ова видео! Ед Ширан реши да биде отворен и искрен и да им покаже на сите дека некои луѓе не се раѓаат со талент, туку едноставно имаат вештина која потоа ја усовршуваат со текот на времето.

Нема сомнеж, Ед Ширан е еден од најдобрите пејачи на денешницата. Неговиот глас е препознатлив и многу добар, а и скоро секоја песна му станува хит. Би верувале ли кога би ви кажале дека тој не е роден со тој талент? Не веруваме ни ние, но тоа е вистина. За време на едно телевизиско гостување тој пушти видео од себе од младите денови додека пее. И некој да би го пушти тоа, никогаш не би кажале дека тоа е Ед Ширан кој денес пее неверојатно.


Никој не може да каже дека не знае да пее или дека пее лошо. Можеби не ти одговара неговиот стил на музика, но тоа е сосема друга работа, која нема врска со гласот. Но, не било отсекогаш така. Тој покажа дека не е вистина дека сите големи пејачи се раѓаат со талентот и дека од мали нозе има глас кој воодушевува. Неговиот пред популарноста бил прилично лош.

@incomeparent

Oceans (Hillsong United Remix) - FOA Rockout

Секогаш се чувствувал глупаво кога луѓето му зборувале дека е роден со тоа и дека е природно талентиран. На овој начин на сите им покажа што можат да направат работата и трудот. Луѓето во коментари пишуваат дека се воодушевени што е толку искрен и што на овој начин и на другите млади луѓе им дале надеж дека можат да бидат пејачи дури иако не звучат како од бајка.

фото: Принтскрин / Инстаграм

Објавена во: Stars // Музика

Можеби ќе ве интересира: