Еден од наследниците на Анџелина Џоли ја има таа титула: Кое е најслободното дете во Холивуд?
Првото биолошко дете на актерската двојка Анџелина Џоли и Бред Пит, 15 - годишната Шајло Џоли Пит ја има целата слобода да одлучува како да се облекува, а нејзиниот избор падна на облека за момчиња.
Анџелина на своите деца секогаш им давала потполна слобода за да бираат самите како ќе изгледаат и со што ќе се занимаваат.
Па така, Шајло уште додека била дете барала да ја шишаат кратко. Ја крадела облеката на своите браќа и ја носела, бидејќи нејзината не ѝ се допаѓала.
Бред Пит верувал дека тоа е само фаза, а кога Шајло побарала да ѝ се обраќаат со Питер или Џон - зборувал за сличноста со Петар Пан и мислел дека и тоа е нешто што ќе помине.
Анџелина во неколку интервјуа зборуваше за вкусот на ќерка ѝ и секогаш во јавноста се провлекуваше прашањето - дали тоа е до Анџелина? Обожавателите често шпекулираат за нејзината соодветност како мајка, но Бред на сето тоа стави точка велејќи дека ѝ се воодушевува и дека не знае како го постигнува сето тоа. Но, изгледа дека токму таа ја има направено Шајло најслободно дете во Холивуд.
фото: Marc Piasecki/GC Images