Еден поинаков час по ликовно образование во ООУ „Круме Кепески“ – Кисела Вода: Интервју со наставничката Касиопеја Наумоска за креативноста на учениците во време на пандемија

Еден поинаков час по ликовно образование во ООУ „Круме Кепески“ – Кисела Вода: Интервју со наставничката Касиопеја Наумоска за креативноста на учениците во време на пандемија

Објавена во: Stars // Интервјуа

Касиопеја Наумоска е наставничка по ликовно образование во општинското основно училиште „Круме Кепески“ во Кисела Вода во Скопје, која со својата имагинација успева секојдневно и во услови на пандемија да ја извлече креативноста од учениците.

# Раскажете ни нешто повеќе за вас, колку време сте учителка, вашиот професионален пат?

Почнав со кариерата како секој млад сликар што се надева и лета дека ќе го освои светот, тие крила се многу потребни, поготово кога станува збор за креативност и создавање уметност. Неминовно беше , според и стекнатото образование да влезам во педагошката ликовна уметност, како дипломиран ликовен педагог, а можеби и компромис за постигнување баланс помеѓу сликарството и ликовното образование.

# Како се снаоѓате со онлајн наставата?

Онлајн наставата по ликовно има само единствена предност, а тоа е можноста да се споделат повеќе информации преку интернет, кои за жал ги немаме во училниците.

# Дали сметате дека е подобро учењето со физичко присуство?

Децата сакаат контакт, не е воопшто едноставно да се предава креативност, естетика, вреднувања на ликовни дела, без физичко присуство, но се разбира дека прилагодувањето е неизбежно. На учениците,на сите деца социјализацијата им е потребна, тоа сите добро го знаеме.

# Од каде дојдовте до идејата за задачата „Облечи се како познат сликарски портрет или како позната личност“?

Идејата за темата – „Облечи се како познат сликарски портрет или личност“, не е воопшто нова во светот, но најчесто ја практикуваат повозрасни. Предизвикот беше уште  поголем да се обидам со деца од основно образование и им се приближи со самото тоа поинаква интерактивна акција.

#Како реагираа учениците? 

Се случи бура од идеи, желби, преку игра и поинаков час, се овозможи една насмевка на нивните лица плус.

# Колку е тешко/лесно да се одржуваат часови по ликовно во време на пандемија? Ваши совети за наставниците?

Посебен совет за сите колеги наставници по ликовно образование не ни можам да имам, освен да си го негуваме предметот а со тоа им овозможиме едно поинакво гледиште на децата, бидејќи тоа и го заслужуваат сите до еден..

# Колку сметате дека учениците се задоволни од ваквиот вид настава?

Децата се преморени, и потполно ги разбирам, сите сме во ова невреме.

# Ваша новогодишна порака, што си посакувате за наредната година?

Пораката за Новата година е само: Бидете среќни, безгрижни, насмеани, Вам тоа најмногу Ви стои и учиме од Вас.

Д.К.И.


Објавена во: Stars // Интервјуа

Можеби ќе ве интересира: