Единствена и убава: Поради ретка кожна болест стана сензација на социјалните мрежи

Единствена и убава: Поради ретка кожна болест стана сензација на социјалните мрежи

Иако оваа млада мајка страдала од анксиозност и депресија бидејќи трепките на едното око и на едната веѓа и побелеле, нејзиното ментално здравје драстично се подобрило бидејќи на социјалната мрежа ТикТок добила бројни комплименти за својата единствена убавина.

Како тинејџерка, Викторија Сантијаго страдала од габична инфекција која предизвикува флеки на кожата и остава бели траги. Уште од тогаш „делела“ од толпата, но потоа во 2016 година добила уште еден „удар“, кога добила друга дијагноза. Откако дознале дека има витилиго, друга кожна болест, трепките на едното око и едната веѓа наеднаш ѝ побелеле.

Како резултат на тоа, нејзиното ментално здравје се променило, на полошо, но таа нашла утеха на неверојатно место. Практично преку ноќ, таа стана сензација на ТикТок и луѓето постојано и кажуваат дека го сакаат нејзиниот природен изглед.

- Откако добив витилиго, плачев додека се гледав во огледало - изјавила Викторија од САД и потоа објаснила дека секогаш се криела од очите на јавноста.


Во едно видео таа објаснува дека не била постојана жртва на насилство од врсници, но дека повеќето нејзини „познаници“ не ја разбираат неа и нејзината состојба.

„Некои луѓе не разбраа дека се обидувам да се прифатам себеси и наместо тоа ми даваа несакани совети како најдобро да ги сокријам дамките или каква шминка да користам“, објасни Сантијаго од САД.


Фото: Инстаграм


Можеби ќе ве интересира: