Една држава е најголем губитник на Евровизија: Најмногу пати се нашла на дното на табелата, а има победено три пати
Оваа држава на дното на табелата се најде во: 1963, 1969, 1974, 1976, 1978, 1981, 1990, 1997, 2001, 2004 и 2012 година...
Во периодот на одржување и по Евровизија многумина се присетуваат и на историјата на ова музичко натпреварување, и на површина излегуваат приказни кои останале запаметени. Една од таквите е и приказната за најголемиот губитник на Евровизија.
Имено, никој не сака да се најде на последното место, а Норвешка успеала да ја заземе оваа позиција дури 11 пати.
Норвешка на дното на талебелата се најде во: 1963, 1969, 1974, 1976, 1978, 1981, 1990, 1997, 2001, 2004 и 2012 година, а доколку го земеме предвид фактот дека досега се одржани 66 натпреварување за „Песна на Евровизија“, станува јасно дека на една петтина од натпреварувањата, Норвешка била последна.
Сепак, Норвешка не била само најлоша на натпреварувањата, туку во три наврати има победено. Во прашање се 1985, 1995 и 2009 година.
Предминатата и минатата година на дното на листата беше Велика Британија, а државите кои ја следат Норвешка по бројот на неуспешни натпреварувачи се Данска и Австрија кои и двете биле последни по дури 8 пати.
Да потсетиме, на овогодинешната Евровизија одржана во Торино, победата ја однесе Украина.
фото: Принтскрин / Јутјуб