Една година без шминка или без пегла за коса: Мартија фатена во небрано

Една година без шминка или без пегла за коса: Мартија фатена во небрано

Објавена во: Мода // Moj стил

Мартија Станојковиќ важи за една од најпопуларните тин пејачки во нашата држава. Со својот изглед ги фасцинира сите, а кога ќе го пушти гласот буди неверојатни емоции.

Таа за време на претходните карантини ги забавуваше своите соседи со нејзината музика, а за овој се одлучи да им посвети повеќе внимание на своите следбеници. Имено, им остави простор да и постават неколку прашања, на кои таа ќе даде одговор. 

Едно од поинтересните на кои младата пејачка се одлучи да одговори е она кое гласеше: „Една година без шминка или една година без пегла за коса?“ На Мартија не и требаше долго време да даде одговор на ова прашање, а истиот беше дека една година би издржала без шминка. 

Овој одговор не беше изненадување, бидејќи таа неодамна откри дека секојдневно ја пегла косата.


Објавена во: Мода // Moj стил

Можеби ќе ве интересира: