Една недела од огнената стихија во Грција: Пожарите на Евија сѐ уште не се под контрола, илјадници луѓе ги напуштија своите домови

Една недела од огнената стихија во Грција: Пожарите на Евија сѐ уште не се под контрола, илјадници луѓе ги напуштија своите домови

Објавена во: Живот // Живот

Илјадници луѓе уште вчера ги напуштија своите домови на грчкиот остров Евија, бидејќи огнот неконтролирано се шири седми ден по ред, а траектите беа подготвени да евакуираат повеќе луѓе доколку е потребно.


Пожарите, кои се закануваа на северните предградија на Атина, престанаа, но пожарот на Евија, остров источно од главниот град, брзо избувна на неколку локации, така што илјадници хектари земја беа изгорени, а жителите на многу села беа евакуирани , пренесува Ројтерс.


Пожари избија во многу делови на земјата за време на седумдневниот топлотен бран, најлош во Грција во последните три децении, така што државата ја ангажираше армијата за гаснење на пожар, а неколку земји, како што се Франција, Египет, Швајцарија и Шпанија , испратија помош во форма на авиони за гаснење пожар.

На Евија има 570 пожарникари се борат против пожарот, додадоа властите.

фото: АLEXANDER BELTES / EPA

Објавена во: Живот // Живот

Можеби ќе ве интересира: