Една нотификација на Инстаграм е „виновна“ за соработката: Емилија Трајкоска за новата песна со Popo и Boof

Една нотификација на Инстаграм е „виновна“ за соработката: Емилија Трајкоска за новата песна со Popo и Boof

Објавена во: Музика, Интервјуа

Со доаѓањето на летото, полека пристигнува и новата музиката. Музичарите како да се „разбудија од зимски сон“ и започнаа на публиката да и подаруваат нови дела, кои се апсолутно освежување, особено сега кога полека се олабуваат мерките.

Во низата нови песни, се најде и скоро 3 минутната песна, насловена како „После тебе“ на едни млади и талентирани музичири. Андреј Поповски - Popo, Андреј Велковски - Boof и Емилија Трајкоска за ова музичко парче направија и видео запис, кој навистина е од светски стандарди.

Popo и Boof освен засебните музички парчиња, зад себе и имаат и неколку заеднички песни, а во овој нов проект младата и талентирана Емилија им дојде како вистинско освежување. 

Оваа соработка, како што ни откри младата пејачка, започнала од една не толку обична нотификација на Инстаграм.

„Соработката се случи многу спонтано, преку една нотификација на Инстаграм од Андреј A.K.A Popo со видео од песна од 14 секунди со порака „Ни треба женски вокал за песнава“. Со само едно слушање ја прифатив понудата за соработка. Иако неколку години наназад беше начелно спомната оваа соработка, времето и беше сега да се случи.“

Таа е препознатлива по каверите кои ги направи на едни од најпознатите балади, овој музички проект за неа претставувал вистински предизвик.

„Каверите на баладите се само дел од моето музичко портфолио. Можеби со текот на годините сум ја изградила таа слика на „поп пејач“ за себе и на другите им е чудно од каде јас во овој жанр на музика. Морам да признаам дека Андреј Велковски и Андреј Поповски А.К.А Boof и Popo, нивната посветеност, желба и ентузијазам ме предизвикаа на овој предизвик. Едноставно не се двоумев и веднаш ја прифатив соработката. Иако ова е само почетокот од нашите соработки во иднина.“

Песната јас снимили за неколку часа, а снимањето на видеото го започнале на зајдисонце и го завршиле на изгрејсонце.

„За да се направи песна и спот за истата е навистина еден сложен процес на активности посебно кога имате и други споредни работи во животот. Песната беше скоро направена кога јас прв пат отидов во студиото на VALUTI, за само неколку часа го имавме финалниот производ. Ако денес седнеме пак во студио да ја преснимиме повторно, тврдам дека нема да испадне истата. Не можам да ви ја опишам атмосферата и наливот на идеи кои ги сосредоточивме во текстот. Спотот се снимаше од зајдисонце до изгрејсонце. Многу луѓе беа вклучени во проектот. Artistic Film Production и нивните сценаристи, се погрижија за целиот сет. На едно место беа собрани луѓе со визија, талент, посветеност и професионалност. Се погриживме се да биде испланирано до најмал детаљ и можам да признаам дека ни се исполнија очекувањата.“


Иако е млада пејачка, за себе вели дека признанијата не се многу важни, туку дека поголема улога игра поддршката.

„Ние сме големи поброници за македонската музика. Како артисти си ги цениме нашите дела. Многу труд е вложен за да бидеме занемарувани и оспорувани. Признанието никому не му е важно, важна е поддршката. Имаме позитивни реакции и навистина ми е мило што нашата енергија ја пренесовме на овој начин.“

И.М.


Објавена во: Музика, Интервјуа

Можеби ќе ве интересира: