Една од нив си го истетовира името: Антониа и Мартија покажаа нови тетоважи (ФОТО)
Антониа Гиговска има неколку тетоважи кои го красат нејзиното тело - зборчето „CONFIDENCE“, „2001“, „магнет, чаша за вино, „kiss here“... неодамна направија и заеднички тетоважи со Мартија, а сега се пофали со нова тетоважа.
Како и повеќето тетоважи на нејзиното тело, така и овој нов цртеж има значење.
Имено, пејачката се истетовира во пределот на рамото со зборот „Tonya“, а Тоња е всушност кратенка од нејзиното име. Таа често себеси се нарекува со тоа име, кое е веќе препознатливо за неа и во јавноста. Дали само преферира така да ја викаат, или позади „Тоња“ се крие и друго значење, останува да откриеме.
Инаку и овојпат друштво ѝ правеше нејзината другарка и колешка, Мартија Станојковиќ која објави слика на „тату столчето“ и покажа дека се тетовирала под градите, но се уште не открила што има испишано.
Инаку и Мартија има веќе неколку тетоважи на нејзиното тело.
Најавија дует, па заиграа на новиот хит на Теа Таировиќ: Антониа Гиговска и Мартија Станојковиќ ги запалија социјалните мрежи (ВИДЕО+ФОТО)