Мартија и Антониа направија заеднички тетоважи: Станојковиќ ги покажа сите цртежи на телото (ФОТО)
Досега повеќе пати зборувавме за тоа дека и Антониа Гиговска им приклучи на светските музички ѕвезди и се навлече на тетовирањето. Досега има неколку тетоважи кои го красат нејзиното тело - зборчето „CONFIDENCE“, „2001“, магнет, чаша за вино...
Сега ја покажа уште една, која е прилично нова, а која ја направи заедно со младата пејачка Мартија Станојковска. Имено, младите пејачки истетовираа ѕвезда на раката како потсетник на музичкото натпреварување „Ѕвездичките на Пинк“ во кое учествуваа пред шест години.
Но, тука приказната не завршува, бидејќи и Мартија покажа какви цртежи има на своето тело. И таа како Антониа има неколку тетоважи, а на една од фотографиите ги постави младата пејачка на стори може да за бележиме дека долж 'рбетот има истетовирано неколку датуми со римски броеви, како и фразата „begin again“, коа ја стави над лактот.
фото: Принтскрин / Инстаграм