Едни без пари, други со емотивни потешкотии: Како ќе влијае Меркур на вашиот подзнак?
Подзнак Овен: ќе се појават некои стари стравови и соочувања со фобии, комплекси и блокади. Ќе имате неочекувани имплулсивни реакции, соништа ќе бидат изразени, како и интуицијата, која сепак треба повеќе да ја слушате овој период. Не треба да носите нагли одлуки и заклучоци, бидејќи логиката и рационалноста сега не ви се нагласени. На некој може да му донесе потреба за повлекување и изолација, а на некој престој во некоја институција. Најдобро искористете го периодот за да поработите на себе, одете кај терапевт или на дополнителни анализи и прегледи што се однесува на здравјето.
Подзнак Бик: повторно ќе ви се вратат стари пријатели или очекувате обновување на пријателствата. Проектите кои некогаш ги започнавте, проблемите во пријателските односи или здружените цели чиј член сте сега стануваат дел од репертоарот. Некој не ги поддржува вашите идеи и амбиции.
Подзнак Близнаци: потешкотии и препреки низ професионалното поле, статусот и кариерата, како и проблеми со надредените. Проблемите поврзани за парите, недвижнините или имотот со партнерот ќе добијат решение. Проблемите во комуникацијата ќе бидат понагласени отколку кај другите знаци.
Подзнак Рак: повторно враќање на лица од странство или повторно започнување на идеја за заминување во странство, враќање на формалното или неформалното образование. Препреки околу визата, пасошот, официјалните документи, а на некој решавање на истите доколку порано започнале да работат на тоа. Одложување на патувања, проблеми во комуникацијата и со документите кога ќе отпатувате.
Подзнак Лав: проблеми со кредити, пари од партнерот или наследство. Потешкотии на полето на секс, како и интервенции и зафати. Враќање на стравовите од минатото, проблемите со долговите. Се советува да внимавате со позајмувањата и големите инвестиции.
Подзнак Девица: проблеми во комуникацијата со партнерот, низ бракот и деловните партнерства. Неразбирањето е присутно повеќе отколку кај другите знакови. Сите проблеми кои ги стававте под тепих сега испливуваат на површина. Враќање на поранешен партнер.
Подзнак Вага: враќање на болести, стари болки, бијдеќи здравјето е тема со која Вагите ќе се занимаваат. Исто така, проблеми и потешкотии на работното место и со соработниците. Не носете одлуки за отказ во овој период.
Подзнак Шкорпија: враќање на емотивниот партнер од минатото, како и стари проблеми со постоечките врски. Тајни врски или разоткривање на тајни во некој однос. Најдобро е овој транзит да го искористите за развивање на креативноста и талентот. Кај женските припаднички можна е бременост.
Подзнак Стрелец: проблеми дома, проблеми во комуникацијата со членовите на семејството, околу недвижнини или пак во врска со селење. Не носете одлуки за промена на местото на живеење или во врска со купување на недвижнини, деловен простор или земја. Препреки низ бизнис полето доколку имате своја фирма. Повеќе престојувајте дома и работете од таму.
Подзнак Јарец: особено период на неразбирање, проблеми во комуникацијата, со документите, не носете важни одлуки ниту потпишувајте важни договори, внимателно во сообраќајот, со телефоните, компјутерите и автомобилите. Расеаност, недостаток на фокус и внимание. Смирете го умот и не брзајте, забавате го темпото.
Подзнак Водолија: проблеми со парите, но и со системот на вредности. Не вложувајте пари во гардероба и подвижен имот и предмети. Внимавајте на паричникот и чантата, можно е да бидете ограбени. Женски припаднички може да забременат или да загубат пари или накит, нешто вредно.
Подзнак Риби: сами со себе ќе бидете скарани. Нема да си бидете јасни себе, а камо ли на другите. Ќе се најдете во ситуации во кои веќе сте биле. Поради тоа треба да бидете трпеливи и да не носите важни одлуки и заклучоци. Имате потреба да се дистанцирате и повлечете во себе.