Едни чизми, безброј модни комбинации: Модел кој изгледа добро апсолутно со сѐ (ФОТО)
Есенски хит
Некои девојки имаат многу обувки за во зима, но некои имаат само еден пар. И тоа е во ред! Не мораш да имаш 10 пара различни чизми. Едни се сосема доволни, а постои баш одличен модел на чизми за есен и зима кои одат со секоја модна комбинација која можеш да ја замислиш.
Немаат сите толку пари за да можат да имаат многу обувки за секоја сезона и секоја година да купуваат нови. Сосема е нормално неколку години по ред да носиш исти чизми и да имаш само еден пар. Подобро е да имаш едни квалитетни, отколку 10 неквалитетни. Постојат обувки кои изгледаат така што одговараат на сите комбинации.
Со што и да ги носиш, изгледаат топ. Таков е и еден модел на чизми, поточно чизмите до глужд. Ако имаш такви, имаш сѐ што ти е потребно за овие студени есенски и зимски месеци. А, тоа се обичните црни гломазни чизми до глужд.
Многумина ги носат сега, но и кога ќе има снег. Таквите модели се во мода веќе со години, се носат и оваа, а нема сомнеж дека ќе се носат и следната година. Кога ги имаш во црна или некоја друга неутрална боја, може да бидат твоите единствени обувки. Без разлика дали ќе ги носиш на тесни фармерки, на кожени панталони, на обични фармерки, буквално сѐ можеш да комбинираш со нив.
Ќе бидат супер и за оние комбинации со кратки панталони и здолништа. Како и на зимските фустани. Со сѐ изгледаат добро. Ако можеш да си дозволиш само еден пара чизми, со овој модел ќе бидеш сигурна.
Ова се само некои од комбинациите кои моментално ги носат сите, а кои одговараат на овој модел на чизми. Ќе ги пронајдеш во сите продавници и по сите можни цени. Дефинитивно ова е еден од оние модели кои истовремено изгледаат популарно и класично и кои одговараат на сите модни парчиња кои ги имаш во плакарот.
фото: Принтскрин / Инстаграм