Едни се во милион: Приказната за близначките Харпер и Квин

Едни се во милион: Приказната за близначките Харпер и Квин

Објавена во: Совети // Семејство

Британците Никол и Тод Бејли се горди родители на близначките Харпер и Квин. Едната од нив има Даунов синдром, а шансите да се случи такво нешто се една во милион.

Двојката од Шефилд која го има и синот Лукас (8) нагласува дека нивното семејство е уникатно и дека не би го менувале за ништо на светот. Родителите не знаеле дека Харпер има генетско пореметување сѐ до нејзиното раѓање.

- Лекарите ни се извинија кога ми рекоа дека мојата ќерка има Даунов синдром. Но, ние не мислиме дека тоа е нешто за кое некој теба да ни се извинува. И двете девојчиња се совршени. 

Не се обидуваме да ги споредуваме. Не гледам дека Харпер на било кој начин е поразлична од другите мои деца - изјави за „Дејли мејл“ Никол (32) која работи како медицинска сестра.

Гордата мајка раскажа дека Харпер и Квин исто ги облекува. 

- Иако не се идентични имаат речиси исти носиња и усти. Врската која близнаците ја имаат е неописливо силна и едвај чекам да видам како ќе се развивааат во иднина - изјави таа.


Објавена во: Совети // Семејство

Можеби ќе ве интересира: