Едниот врсник го принудил да ја удри главата во клупа, на другиот му стегнал јаже околу вратот: Насилство во училиште во Врање

Едниот врсник го принудил да ја удри главата во клупа, на другиот му стегнал јаже околу вратот: Насилство во училиште во Врање

Објавена во: Совети // School zone

Во едно средно училиште во Врање се случил досега невиден случај на насилство меѓу учениците...

Иако случајот е пријавен во полиција, сѐ уште нема потврда за овој настан. Во обвинителството во Врање е потврдено дека возрасен ученик од околината на Бујановац се товари за кривично дело злоупотреба и тортура, додека малолетник е обвинет за насилсно однесување, пишува „Новости“.

Случајот се случил во училницата, кога најпрво малолетник со тупаница удрил друг малолетник и го принудил да удри со главата во училишната клупа, додека вториот го стегнал со јаже околу вратот, додека полнолетниот ученик го ударал во пределот на главата.

Насилниците потоа ги принудувале малолетните ученици да се соблечат голи и да се шетаат низ училницата и сето тоа го снимили со своите мобилни телефони.

Според информациите, случајот бил пријавен кај надлежните органи во вторникот на 10 ноември, а за сето ова е известен и центарот за социјални работи.

Објавена во: Совети // School zone

Можеби ќе ве интересира: