Едните воодушевени, другите загрижени: Бритни Спирс ги подели обожавателите со костимот за Ноќта на вештерките
Колку што оваа идеја е загрижувачка, толку е и генијална...
Бритни во последно време има некои прилично чудни објави на Инстаграм, на кои нејзините обожаватели во исто време се чудат, но и забавуваат. Кога го покажа својот костим за Ноќта на вештерките...
Да, малку е шокантно кога ваква фотографија ќе се објави на Инстаграм профилот, но колку и да ги загрижи Бритни своите следбеници со костимот, мора да се признае дека идејата ѝ е генијална. Ваков костим уште немаме видено. Веројатно затоа што е дури премногу морбиден и за „Halloween“, но секако е во темата. Бритни беше маскирана во жртва на убиство.
На фотографијата лежи во крв, со лисици на рацете - фотка која изгледа прилично реално. Многумина се сложија во коментари дека ова е одлична и поинаква идеја, што секако е, но многумина се згрозија и истканаа дека ова е премногу.